Денеска попладне метеоролозите очекуваат дека од запад облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, некаде со ретки грмежи, претежно во западните и северните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Утре и в среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата, каде што се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар .
Од четврток ќе преовладува променливо облачно, врнежливо, а во попладневните часови повремено и нестабилно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.