Софија Бејковска-Чачоровска, 29-годишната професорка од Битола, синоќа успешно пристигна на целта во Охрид, откако сама, по десет и пол часа поминати во вода го преплива Охридско Езеро во должина од 30 километри.
Таа тргна од „Св.Наум“ и бодрена од голем број луѓе успеа да стигне на целта. Бејковска-Чачоровска е рекреативен пливач, а таа на целта беше пречекана од сопругот, нејзиниот татко и од личниот тренер, како и од тие што знаеја за нејзиниот подвиг. Иако преморена, таа се исправи на нозе по испливаната маратонска должина во езерото.
– Збунета сум сега. Болката во мускулите е голема, но радоста е уште поголема. Желба ми беше уште како дете да го препливам Охридско Езеро – рекла таа за „Охрид њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.