Чедо Чоловиќ (57), хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград имал специјална задача – да „врбува“ сведоци за случаи во кои се обвинети Срби во Хрватска, но и да „елимина“ некои од сведоците.
Чоловиќ го „врбувала“ Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска која тврди дека во Србија има мрежа на шпиони, и најмногу од нив се припадници на војската на Република Српска Краина.
– Чоловиќ бил уценуван со подигнување на обвинение за воени злосторства. Тој бил припадник на 75. моторизирана бригада ВСК. За возврат добил хрватско државјанство и пасош. Во последните години колку што работел за хрватската агенција стапил во контакт со поранешните соборци на ВСК кои би можеле да сведочат против Србите обвинети во Хрватска за воени злосторства. Сите кои се согласиле да сведочат добиле или многу пари или пак им биле избришани воените дела. Нему му била задача да „врбува“ и сведоци кои биле повикани во Хаг како сведоци против хрватските генерали. Некои се согласувале и на лажно сведочење – изјавил извор за „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.