Сирискиот конфликт може да се реши исклучиво со политички средства, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Зборувајќи на состанокот на лидерите од земјите на петчлената група БРИКС, на маргините од самитот на групата Г20 во Кина, Путин рече дека проблемот на глобалниот тероризам може успешно да се заврши со заеднички напори на сите држави кои во тоа имаат интерес, пренесуваат британските медиуми.
Руската агенција ТАСС ја пренесе изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, дека лидерите на САД и Русија прифатиле одвоена средба.
-Владимир Путин и Барак Обама ќе се состанат на маргините на самитот Г20, рече Песков.
Путин, претходно на самитот Г20 во Кина, рече дека руската економија е стабилизирана и најави намалување на дефицитот и зависноста од извозот на нафта и гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.