Полицијата соопшти дека во продолжение на акцијата „Диригент“ се уапсени вкупно 13 од кои шест во Македонија и 7 во Германија и во Австрија. Тие преку банкарски сметки успеале да исперат преку 40.000 евра за две години.
Според МВР, Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Оддел за борба против недозволена трговија со дрога, спроведе координирана акција во Скопје, Велес и во Штип заради лишување од слобода на лица кои сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.
Тие како припадници на криминална група од Велес, која вршела улична продажба на хероин во Виена – Р. Австрија, имале улога да ги примаат и подигаат паричните средства стекнати од претпродажба на хероин кои биле испраќани од страна на членовите на криминалната група од Р. Австрија, Р. Словачка, Р. Германија на нивно лично име преку брз трансфер на пари. Исто така, дел од лицата биле инволвирани и во улична продажба на хероин во Виена и Франкфурт за што во текот на 2012 и на 2013 година се уапсени и кривично правно санкционирани во Р. Австрија за сторено кривично дело – недоволена трговија со наркотини средства.
Од страна на ЦСОСК во текот на вчерашниот ден беше поднесена кривична пријава против 13 лица, К.Г. (27), Б.Х.Ј. (33) год., Р..С. (22), К.С. (20), С.М. (29), З.М. (39) Џ.Н. (21), А.Л. (25), И.А. (25), Љ.Р (25) сите од Велес, како и А.В. (28) од Скопје , И.Г. (40) и И.М. (23) од Штип бидејќи во временскиот период од почетокот на септември минатата година до крајот на јануари годинава во повеќе наврати го сториле кривичното дело “перење пари и други приноси од казниво дело“. Пријавените користејќи го интернационалниот меѓубанкарски електронски трансфер на парични средства, преку финансиските институции даватели на услугите брз трансфер на пари во Р.Австрија, Р.Словачка, СР. Германија и Р. Македонија, незаконски стекнатите парични средства од недозволена трговија и продажба на наркотична дрога-хероин, ги внесувале во легалниот финансиски систем, а трансакциите кои истите ги извршувале, ги разделувале (вршеле структурирање на трансакциите) во помали износи, со цел истите да не бидат предмет на законско пријавување до надлежните државни институции по основ на големи износи и сомнителни трансакции.
Обезбедени се докази дека во горенаведениот период се трансферирани парични сретства во износ од 2.521.917 денари (или 41.140 евра). Имено во текот на 2012 год. и 2013 год. во заедничката меѓународна полициска операција од горепријавените претходно се уапсени седум лица од кои во Р.Австрија беа уапсени пет лица и тоа : А.Л., Џ.Н., И.А., З.М. и Б.Х.Ј., во Р.Германија е уапсен И.Г. од Штип а К.Г. беше уапсен во Р.Македонија (за него во тек е судска постапка, за сторени кривични дела – “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи