| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановскиот театар ја отвора сезоната со „Идиоти“, средствата од проджбата на билетите за поплавените

Во кумановскиот театар утревечер со почеток во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Идиоти“ во режија на Мирослав Петковиќ. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат бидат наменети за граѓаните од поплавените подрачја, соопштија денеска од кумановскиот театар.

– Сезоната ја започнуваме со оваа претстава во која настапуваат актерите од кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски и Владо Дојчиновски. За оваа преставата имаше голем интерес кај публиката и затоа е одбрана да биде прикажана повторно, овој пат за хуманитани цели, изјави Симона Тоскиќ, драматург и продуцент во театар Куманово.

Цена на билетот ќе биде 100 денари, а билетарницата ќе работи во понеделник од 10 до 14 часот и од 17 до 20 часот.

Во Центарот за култура, инфромираа од кумановскиот театар, одредени се уште два термина за собирање на средства за настраданите од овие подрачја. На 20-ти септември гостува Македонскиот народен театар со „Прекината одисеја“, а на 24-ти Македонската опера и балет пред кумановската публика ќе изведе детска оперета. Билетите за овие гостувања ќе може да се набават на билетарницата во Центарот за култура.

– Се надеваме дека со овој подвиг ќе им излеземе во пресрет на луѓето од поплавените подрачја, па затоа апелираме до граѓаните од Куманово да ги посетат и театарот и преставата на МНТ и на МОБ во НУЦК „Трајко Прокопиев“, рече Тоскиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top