Барак Обама со неволји го започна своето последно патување во Азија како американски претседател. Кога ноќва неговиот авион слетал во Хангжу, Кина, каде денеска започна Самиот Г20, немало скалила, па Обама морал да слезе преку помошниот излез, на крилото на авионот.
На пистата започнала кавга меѓу луѓето на претседателот со кинескиот официјален претставник, кој инсистирал новинарите кои допатувале со Обама, да се оддалечат од претседателот, што е спротивно на досегашната пракса.
Кога една од претставничките на Белата куќа нагласила дека САД ги поставува правилата за својот претседател, нејзиниот кинески колега и возвратил викајќи: „Ова е наша земја! Ова е наш аеродром!“.
Кавгата се заострила кога еден од кинеските претставници се обидел да ја задржи Сузан Рајс, советничката за државна безбедност, подалеку од Обама. Како една од највисоките функционери во американската влада, Рајс за миедиумите изјавила дека ова воопшто не го очекувала.
Напнатоста продолжила и подоцна, кога Обама почнал со закажаните состаноци на самитот. Новинарот на агенцијата АП не добил дозвола да присуствува на свечаноста за климатските промени и бил пуштен дури по интервенцијата на американската амбасада.
Токму пред местото каде требало да се одржи таа свечаност, пак, за малку не дошло до тепачка помеѓу двајца кинески претставници, од кои еден работи за амедиканската делегација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.