Австриските хотели и ресторани секоја сезона бараат околу 30.000 работници, а добар дел од нив доаѓаат од странство. На пример, за време на зимската сезона во Салзбург, Тирол и Ворарлберг потребно е од 3000 до 3500 угостителски работници повеќе отколку во летните месеци, а тие работни места ги пополнуваат воглавно работници од страна.
На балканот нема слободен пристап за австралискиот пазар на работа, за вработување е потребно да се добие работна дозвола, но поради помал број на работници тоа не претставува претеран проблем.
Александра Бертелт од компанијата „Еuro Career“ која се занимава со посредување и вработување и добро познавање на австрискиот пазар, велат дека процедурите за добивање на работни дозволи не е компликувана.
-Работодавецот со лична карта, пасош, диплома и заверен превод од диплома од страна на судски преведувач, барање за работна дозвола на надлежен за завод за вработување. Куварите од Австрија исто така се барани, не само за време на зимските или летните сезони, туку за време на цела година, така да школуваните кувари многу едноставно добиваат работна дозвола од останатите угостителски работници. Процесот трае околу три недели, од моментот на предавање на барањето до извадањето на дозволата од страна на надлежното тело. Австралискиот завод за вработување проверува дали постои или во нивната база невработени австриски државјани кои би можеле да го пополнат работното место, а ако тоа не е случај, работната дозвола се одобрува, вели Бертелт.
Што се однесува до платите, тие варираат зависно од искуството, квалификациите и сатниците кои се одработуваат.
Платите од кувар често се движат од 1900 евра, а работниците можат да сметаат и на 13 и 14 плата, односно новогодишен додаток и надокнада за годишен одмор.
Платите се разбира зависат и од квалификациите, работниот стаж, позициите на кои работите… но може да се рече дека во сезоната куварите заработуваат меѓу 1450 и 1900 евра нето, келнери меѓу 1400 и 1750 евра нето, а собарките околу 1400 евра“, вели Бертелт.
Сместувањето и храната (доручекот, ручекот и вечерата) осигурувањето на работодавецот и за тоа работникот не сноси никакви трошоци.
Воглавно се работи за двокреветна соба, која се наоѓа во склоп на објектот во кој работите.
Ако тоа не е случај, тоа секако ќе биде сместувањето во непосредна близина, така да работникот до работното место има најмногу 5 до 10 минути одење.
-Ова важи за сезонските работници. Тие другите кои имаат постојана работа, иако и за нив работодавците имаат сместување, за него мораат да издвојат околу 134 евра месечно, во што е вклучена и соба, додека за храната не сносат никакви трошоци, вели Бертелт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.