| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Традиционалната кинеска медицина ќе се применува и во амбулантата во Тафталиџе

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Центарот за традицонална кинеска медицина кој работи во рамките на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Тодоров забележа дека досега во овој Центар здравствени услуги имаат добиено околу 500 пациенти.

– Преку традиционалната кинеска медицина се даваат услуги на пациенти кои што се со хронични и акутни заболувања. Во овој Центар работат експерти кои што беа на едукација во Кина, некои од нив на шест месеци, некои подолго на две години. Има и професор од Кина кој што со нашите доктори, физотерапевти работи овде во Центарот за традиционална медицина, вели Тодоров.

Министерот за здравство најави дека ваков Центар за традиционална кинсека медицина ќе се отвори и во Скопје.

– Веќе работиме на тоа услуги од традиционалната кинеска медицина да се даваат и во амбулантата во Тафталиџе во Општина Карпош, рече Тодоров и додаде дека поради големиот интерес планираат Центарот со своите услуги да се прошири и во некои други градови во источна Македонија.

Се очекува, истакна Тодоров, во Центарот да пристигнат уште двајца доктори од Кина, а исто така се размислува и за проширување на кадарот кој работи во овој Центар за традионална кинсека медицина се со цел да се одговори на услигите кои ги бараат повеќе пациенти од овој регион.

Директорката на Центарот за традиционална кинеска медицина, Ленче Николовска вели дека пациентите кои ги добиле услугите се задоволни и веќе имаат резултати.

– Во Центарот се применуваат сите техники кои се применуваат во болниците во Кина, значи се прави акупунктура и таа е најчесто застапена, вели Николвска.

Лекарот Зху Лихе кој работи заедно со лекарите и медицинскиот персонал во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип вели дека овој Центар ги има исите услови за работата како во Кина, а пациентите добиваат квалитетни услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top