Контроверзниот Формула 1 возач Макс Ферстапен остро му одговори на поранешниот шампион Жак Вилнев на критиките дека вози агресивно.
Канаѓанецот во едно интервју го критикуваше младиот пилот посочувајќи дека од него настрадале Кими Раиконен и Себастијан Фетел и му препорача да запре малку затоа што може некого да убие. На Ферстапен не му се допаднаа критиките и мошне дрско одговори.
-Јас мислам дека тој треба да внимава со изјавите за смрт на патеките бидејќи е убиец, односно има убиено човек”, изјави Ферстапен алудирајќи на несреќата од 2001 година кога од еден дел на болидот на Вилнев загина човек на трката за Големата награда на Австрија.
Ферстапен е најголемо изненадување оваа сезона во Формула 1. По 13 трки се наоѓа на шестото место во генералниот пласман, а веќе собори и неколку рекорди за најмлад победник на трка, најмлад возач на подиумот итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.