Францускиот суд ја укина забраната за носење буркини во Ница заклучувајќи дека декретот против овој вид костим за капење кој го покрива целото тело е нелегален, оти немало докажан ризик за нарушување на јавниот ред.
Судот заклучи дека буркините не претставуваат ризик за хигиената, пристојноста или безбедноста при пливањето.
Оваа одлука дојде по пресудата на највисокиот административен суд на Франција дека се суспендира забраната што ја воведоа околу 30 градови во Франција.
Ница и неколку други градови ја игнорираа оваа одлука и ги задржаа забаните. Во Ница се издадени најмалку 30 казни откако беше забрането носењето буркини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.