| четврток, 6 декември 2018 |

Измамен Македонец дал пари за операција на таткото на лажниот Сергеј Трифуновиќ

Македонец кого лажниот Сергеј Трифуновиќ го измамил за 2.500 евра бил голем обожавател на популарниот српски актер, кому освен поддршка на Фондацијата му дал и пари за „операција на наговиот татко“, пишува српски „Блиц“.

Филип Јуришиќ (23) пред два дена бил уапсен поради сомневање дека мамел луѓе лажно претставувајќи се како Сергеј Трифуновиќ.

Измамениот Македонец  двапато испраќал пари за Фондацијата но и за операција на таткото на лажниот Сергеј. Парите ги испраќал според упатства, на име на Филип Јуришиќ кој тврдел дека е член на Фондацијата. Јуришиќ тврдел дека тоа е најсигурен и најбрз начин на трансфер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top