| четврток, 6 декември 2018 |

На пазарот на трудот: Повеќе од шест илјади слободни работни места

Според  Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во второто тримесечје годинава изнесува 6.687. Најмногу работници се бараат во секторот преработувачка индустрија, во трговијата и во угостителските дејности.
Според регионите, пак, намјногу или 3.300 слободни работни места нудат фирмите во скопскиот регион, а потоа следи југоисточниот со 800, додека најмали шанси за вработување има во североисточниот и полошкиот регон каде отворени се 200 до 300 работни места.
Според групите на занимања најголем број на слободни места има во услужните дејности и продажбата или 2.300, потоа следат техничарите,  ракувачи  на машини и службениците. Се бараат 350 стручњаци и научници, а за воените занимања има 12 слободни работни места. Се бараат и 18 државни функционери, дипломати или директори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top