Според Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во второто тримесечје годинава изнесува 6.687. Најмногу работници се бараат во секторот преработувачка индустрија, во трговијата и во угостителските дејности.
Според регионите, пак, намјногу или 3.300 слободни работни места нудат фирмите во скопскиот регион, а потоа следи југоисточниот со 800, додека најмали шанси за вработување има во североисточниот и полошкиот регон каде отворени се 200 до 300 работни места.
Според групите на занимања најголем број на слободни места има во услужните дејности и продажбата или 2.300, потоа следат техничарите, ракувачи на машини и службениците. Се бараат 350 стручњаци и научници, а за воените занимања има 12 слободни работни места. Се бараат и 18 државни функционери, дипломати или директори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст