За време на последниот ден од летниот преоден рок, раководните лица на „старата дама“ испратија официјална понуда за репрезентативецот на Франција, Блез Матиуди, вредна 40 мил. евра, но истата експресно беше одбиена од челниците на ПСЖ со образложение дека тој не е на породажба.
– Многу сум разочаран од раководните лица на ПСЖ и од нивната одлука да го повлечат Матуиди од пазарот за фудбалери. Се обидовме на секаков можен начин да најдеме заеднички јазик, но не можев ништо да направам. Дали е можно овој трансфер да биде реализиран за време на зимскиот преоден рок? Мислам дека новинарите треба да земат мал одмор по завршетокот на летниот преоден рок, изјави Раиола, менаџерот на францускиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.