| четврток, 6 декември 2018 |

Ова ќе биде најсмешниот филм годинава

Оваа година се очекува продолжението на легендарниот филм со Вил Фарел од 2005 година, „Водителот – легендата за Рон Бургунди“ („Anchorman: The Legend of Ron Burgundy“) во која, покрај старата екипа составена од мајсторите на комедијата, како Стив Карел, Кристина Апелгејт, Пол Рад и уште многу други, во епизодни улоги ќе се појават уште многу познати американски комичари. Благо речено – сите!

anchorman2

Вил Фарел како Рон Бургунди – Легендата продолжува

Една од сцените за „Водителот – легендата продолжува“ („Anchorman: The Legend Continues“ ), која се снимаше викендов, ги спои најсмешните дами на денешницата Тина Феј и Ејми Полер со Саша Барон Коен. Вил Фарел, кој воедно го напиша сценариото и за оригиналот и за продолжението, покрај сите колеги комичари кои „се тепаа“ за улога во филмот, го убеди да се појави и ветеранот Харисон Форд кој ќе се појави во сцена со Никол Кидман и Винс Вон.

За продолжението кое нетрпеливо го очекуваат сите љубители на карактеристичниот хумор на Фарел, веќе го најавуваат како најсмешниот филм за 2013 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top