| четврток, 6 декември 2018 |

Градот кој сака да се исклучи од државната електрична мрежа

Тешко ќе го пронајдете на карта, но новиот план да се исклучи од австралискиот електроенергетски систем го привлече вниманието кон селото Тјалгум, пишува „Ројс курмеловс“.

Тристате жители од Тјалгум, сместено помеѓу ливади на границата помеѓу Квинсленд и Нов Јужен Велс, се горди кога кажуваат дека нивниот град е прекрасен 24/7.

Наскоро, ако сѐ оди според планот, ова мало гратче во регионот познат по својото алтернативен стил на живеење, ќе биде првото место во Австралија кое ќе се одвои од државниот електроенергетски систем и ќе биде осветлено 24/7 со стопроцентно користење на обновливи извори на енергија.

_90872563_gettyimages-102389900

Идејата за ова беше претставена во септември 2014 година од локалниот претприемач Ендрју Прајс, кој веќе 10 години е ветеран во индустријата на обновливи извори на енергија и ја води компанијата Острелиан рејдио тауерс.

– Зошто надвор од електроенергетскиот систем? А зошто да не?, рече Прајс за Би-Би-Си. „Струјата е евтина, стабилна и сега соларната енергија е онолку зелена и обновлива како и се друго кое денес постои на пазарот. Исклучувањето на цел град од електроенергетски систем исто дава до знаење на целата земја дека ова е можно и дека треба да се случи“.

Иако Тјалгум е најневеројатното место за да избие меѓу пионерите во револуцијата за обновливи извори на енергија, постојат неколку причини зошто толку упорно се држат за овој проект, велат оние кои го бранат планот.

_90872567_001-1

Прво, проблемите со обновливи извори на енергија се во срцето на гратчето, Тјалгум е вклучено во жестока битка за стопирање на фракирање (метод на извлекување нафта и гас од камен шкрилец) во регионот, а поддршката на заедницата за проекти кои се благородни за природата се тука длабоко вкоренети.

Исто градот е на самот крај од електроенергетскиот систем што значи дека може да се исклучи без да биде прекинато снабдувањето со струја во соседните места.

Потоа тука е економскиот момент – гратчето се потпира на туризмот и има малку стабилни работни места, па сметките за струја тешко ги оптоваруваат жителите.

Според Прајс, сите 300 жители во Тјалгум заедно трошат 700,000 австралиски долари (534,000 американски долари) на струја годишно, а 55 проценти од тоа одат на одржување на бандери и кабли.

„Социјална лиценца“

Проектот за исклучување на гратчето од електроенергетскиот систем досега собра 15,000 авс.долари од владата. Кејси Клифорд, која помага во водењето на проектот, вели дека одржувањето и продлабочувањето на поддршката од заедницата на долг рок ќе биде витално за одржливоста на самиот проект.

– Важно е да ја вратиме заедницата кон концептот пред да ги развиеме решенијата, рече Клифорд. „Мислам дека тие сметаат на нас исто како добивање на социјална лиценца. Изгледа дека е ова исправниот начин да се изведе, наместо само да се појавиме пред властите и да им објаснуваме за решенија“.

Инсталацијата на соларни системи заедно со панели и акумулатори за чување на струјата, се очекува да почне во октомври.

Системите за соларна енергија ќе им бидат доделени на сопствениците на имоти во целиот град преку лотарија. Потоа тие ќе уплатат дел од парите кои ќе ги заштедат од сметките за струја во фонд кој ќе се користи да се инсталираат системи во останатите 120 и нешто куќи во гратчето.

Изградбата на инфраструктура потребна за да се исклучи целото гратче од државниот електроенергетски систем се очекува да чини седум милиони аус.долари,.

Одржлива авантура?

На гратчето исто му треба дозвола за да ги пресечат каблите – постои регулатива која упатува на начинот на кој струјата се генерира, дистрибуира и продава во сегашниот електроенергетски систем.

Тош Сатов, е директор во Енерџи фор д пипл, фирма за менаџирање со енергија и ја напишал физибилити студијата за Енергетскиот проект Тјалгум. Тој вели да се испочитуваат барањата од регулативата „е полесно отколку што луѓето можат и да си замислат“.

– Регулаторите не кочат и сметаат за проблем со големи проекти како овој, но во реалноста тоа е логичен план кој регулаторите ќе ги прави среќни, вели тој. „Регулаторите се загрижени само заради цената на струјата која потрошувачите ја добиваат, и за нештата како безбедност и стабилност“.

Независниот консултант за енергија, Крејг Фрум, се согласува дека прашањата како регулатива, складирање на струја и сопственоста на каблите за поврзување не се толку проблематични за проектот да пропадне.

_90872561_002pub

Околината околу Тјалгум

– Луѓето се претпазливи нешто да сторат се додека не видат дека тоа функционира на друго место. Некој треба да ја преземе иницијативата и да го стори тоа, вели тој.

– Да бидеме искрени, би било добро да имаме место како пример кое ќе докаже дека денецтрализираната дистрибуција вистински функционира. Дали една цела област може да се исклучи од електроенергетскиот систем?

– Но дури и ако проектот сопре пред да се добие довола за исклучување од системот, тоа нема да биде целосна штета, рече Клифорд. „Не гледаме никаков ризик во ниту еден момент ако мораме да сопреме затоа што луѓето се уште ќе имаат соларни панели на своите кровови, вели таа.

– Нашата стратегија е да ставиме што е можно повеќе соларни кровови, што е можно повеќе акумулатори, таквата инфраструктура да остане и да одиме во Австралија (владата) и да им кажеме дека го имаме сето тоа, и што тие ќе можат да сторат во врска с тоа? Индустријата на обновливи извори на енергија е еден вид герилска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top