Норвешкиот првак Ларвик ќе му биде спаринг-партнер на ЖРК Вардар викендов во Скопје, а двата тима ќе одиграат два контролни натпревари. Ова ќе бидат и првите официјални натпревари на екипата на Вардар во новата натпреварувачка сезона.
Според договорот на двата тима, предвидените натпревари ќе се одиграат на 3 и 4 септември во Скопје, со почеток во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Екипите ќе бидат во комплетен состав со сите интернационалци кои настапуваа на Олимпијадата во Рио. Норвежанките ќе имаат и неколкудневни тренинзи во Скопје.
Новата сезона во ЛШ почнува во средината на октомври, а ЖРК Вардар е во група со ФТЦ Будумпешта, Астраханочка и со победник од квалификациска група. Првиот дуел македонскиот првак ќе го игра дома со ФТЦ Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Белгија уапсен фудбалскиот агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари
-
Вардарки тргнуваат по историска победа против Ѓер: Добро е што играме со нив, имаме шанса да им вратиме
-
Одложени дуелите на Вардар со Гевгелија и Овче Поле
-
Убедлива победа на „црвено-црните“ – Вардарки го „разбија“ Битигхајм