| четврток, 6 декември 2018 |

Полски нуркач го собори рекордот во подводната пештера Врело (Фото)

 

14224858_1103063479787943_7539893353862855719_n

Полскиот нуркач Кшиштов Старнавски се спушти на длабочина до 230 метри во подводната пештера Врело на Матка, со што го собори досегашниот рекорд од 212 метри. Старнавски во текот на вчерашниот ден во придружба на својот тим и со логистичка поддршка од страна на нуркачите од клубите „Врело“ и „Акватек“ успеал по повеќе од пет часа да се спушти на оваа длабочина.

– Со 230 метри длабочина го урнавме рекордот. Експедицијата започна со подготовки на теренот,­ проверка на сите перманентни линии во пештерата и координација на тимот. Пештерата понатаму се гледа дека отвора подлабоко, но тоа го оставаме за следната експедиција – рече Старнавски, изразувајќи надеж дека следната година повторно ќе ја посети пештерата Врело.

14232446_1104132893014335_4507731359748621774_n

Полјакот нуркаше со специјален систем за подводно пливање со кој нуркачите може значително подолго да се задржат под вода. Досегашниот рекорд го држеше италјанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 се спушти до 212 метри.

 

14222078_1102650163162608_1344485003941213393_n

14142041_1103680653059559_6551157479475326598_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top