Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека Турција успеала да ги протера џихадистите од Исламска држава и курдската милиција „YPG“ од северниот дел на Сирија, но дека Курдите се уште не го исполниле барањето на Анкара да се повлечат источно од реката Еуфрат.
Турција минатата недела ја почна прекуграничната офанзива во Сирија со двојна цел да ги протера џихадистите и да обезбеди Курдите да не ја пополнат таа празнина. Ердоган утринава на прес конференција рече дека операцијата „Штитот на Еуфрат“ била успешна во чистење на Исламската држава и курдските „YPG“ милиции од областа која зафаќа 400 квадратни километри.
Тој, меѓутоа, ги отфрли тврдењата на YPG која Анкара ја нарекува терористичка група, дека се повлекла во кантон под контрола на Курдите, источно од Еуфрат, пренесуваат британските медиуми.
– Во овој момент велат дека „YPG“ ја минала реката. Ние велиме дека тоа не е точно. Врз основа на нашите опсервации, рече Ердоган.
– Курдскатa милиција „YPG“ е дел oд Сирискитe демократски сили, пошироката коалиција што е подржана од САД во Сирија. Никој не може да очекува дека ќе дозволиме терористички коридор на нашата јужна граница, изјавил Ердоган, додавајќи дека Турција бара воспоставување „сигурна зона“ во Сирија, но дека таа идеја не добила подршка од другите светски сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.