Ураганот Хермина пристигна до северозападот од Флорида, што е првиот ураган што директно ја погодил оваа најсончева американска држава по повеќе од една деценија.
Ураганот стигна од северозападниот брег на Мексиканскиот залив со ветар со брзина од 130 километри на час и силен дожд, пренесуваат американските медиуми.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот удрил на тлото на Флорида еден и пол час по полноќ по локално време.
Според очекувањата, Хермина ќе предизвика поплави и оштетувања, а гувернерот на Флорида, Рик Скот, предупреди на ситуации потенцијално опасно по животот на луѓето.
Гувернерот, наведуваат локалните медиуми, прогласи вонредна ситуација во повеќето од 67 окрузи во Флорида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.