Швајцарскиот ас Роџер Федерер, иако не игра на ОП на САД и веќе ја отпиша 2016 година поради серија повреди, вели дека негов фаворит на американскиот грандслем е неговиот стар ривал Рафаел Надал. Потсетувајќи се на неговиот триумф на турнирот во 2008 година кога во финалето тој го совлада Шкотот Енди Мареј, Федерер истакна дека годинава Шпанецот би можел да приреди изненадување и да стигне до титулата.
– Тоа што јас освоив титулата во САД во 2008 година беше големо изненадување, а мислам дека истото може да се случи и со Рафа оваа година. Тогаш го освоив ОП на САД и би сакал и Рафа сега да го направи истото – вели Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.