
Аргентинскиот дефанзивец Езекил Гарај по пет години се врати во шпанскиот фудбал и потпиша за Валенсија. Откако од Валенсија дебело наплатија за услугите на Мустафи, кој замина во Арсенал, ангажираа две засилувања за нивата одбрана, Гарај и Французинот што пристигна на позајмица од Манчестер сити, Елијаким Мангала.
Зенит во текот на летото неколку пати ја истакнуваше цената од 25 милиони евра како прифатлива за Гарај, па веројатно во тие рамки се движи оштетата за трансферот, иако официјално сума која е платена за овој централен бек не е објавена.
Искусниот Гарај е роден 1986 година во Розаријо, а во неговата кариера ги бранеше боите на Њуелс Олд Бојс, Расинг Сантандер, Реал, Бенфика и Зенит. Тој е и долгогодишен репрезентативец на Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стоперот на Валенсија откри каква „сочна“ порака добил од Суарез (видео)
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)
-
Напаѓачот на Зенит пукаше на паркинг: Ништо посебно, само свадба во Осетија (видео)
-
Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)


