| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинот на огнот во Источна Украина стапи во сила од полноќ

ukraina

­ Од сношти е во сила прекин на огнот во конфликтната зона во Источна Украина, и засега се почитува од засегнатите страни, изјави пред новинарите министерот за одбрана на Украина Степан Полтора, пренесе ТАСС. ­

– Со задоволство изјавувам дека од полноќ не е регистриран ниту еден истрел (во зоната на конфликтот), рече тој.

Договорот за прекин на огнот во Донбас беше постигнат на средбата на Контакт групата на 26 август во Минск, во врска со почетокот на новата учебна година.

Специјалниот претставник на претседателот на Организацијата за безбедносст и соработка со Европа, Мартин Сајдик посочи дека „тоа е заедничка иницијатива на сите учесници во Контакт групата”. Тој особено се осврна на формулацијата дека ­ примирието треба да биде трајно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top