| четврток, 6 декември 2018 |

Епицентарот на земјотресот 120 км југозападно од Скопје

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска 20 минути по полноќ во западна Македонија бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.

Земјотресот бил почувствуван и во Дебар и предизвикал вознемиреност меѓу дебрани.

Албанскиот Сеизмолошки институт претходно соопшти дека два часа по првиот потрес следувал уште еден, но со помал интензитет.

Првиот потрес бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на педесетина километри од Тирана, во близина на пограничните населени места со Македонија, поточно во планинскиот предел помеѓу градовоите Елбасан и Булќиза.

Земјотресот е почувствуван и во другите погранични македонски градови, но и во Тирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top