| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес ноќва ги вознемири граѓаните

Силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван ноќва околу 20 минути по полноќ во Дебар и околината.

Епицентарот на земјотресот кој ги вознемирил жителите на градот и околните села, бил во пограничниот појас со Албанија на 50 километри од Тирана, а бил почувствуван и во неколку градови во соседна Албанија (Тирана, Пешкопија, Булкиза).

Земјотресот не предизвикал материјални штети.

Во изминатите десетина дена во околината на Македонија имаше значителна сеизмичка активност која кулминираше со катастрофалниот земјотрес во Италија во кој загинаа безмалку 300 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top