| четврток, 6 декември 2018 |

Збунети и дотерани, првачињата од ОУ „Коле Неделковски“ седнаа во училишните клупи (ГАЛЕРИЈА)

Првото училишно ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година, во која првпат во училишните клупи седнуваат 21.250 првачиња. Збунети и дотерани, во придружба на возбудените родители, ги наполнија училишните дворови со џагор.

Први септември е првиот училиштен ден и за основците од поплавените подрачја. Периодов општините вредно работеа на санација, дератизација и на дезинфекција на нивните училишта, па така и тие, како и нивните другарчиња, денеска ќе ги добијат распоредите и лектирите.

Нашиот фоторепортер ги посети првоодделенчињата од ОУ „Коле Неделковски“ во општина Центар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top