Граѓаните од погодените подрачја од поплавите, сметките за потрошена вода кои ќе ги добијат, а се однесуваат за месец 08, 09 и 10/2016 година, не треба да ги плаќаат, информираат од Ј.П. Водовод и канализација – Скопје.
Од компанијата посочуваат дека ова е во согласност со пакетот мерки на Владата на Р.М., кои се наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите, кои го зафатија скопскиот регион.
„Управниот Одбор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, донесе Одлука со која е уредено ослободувањето на корисниците од плаќање за потрошена вода од кризните региони, зафатени од поплавата од 06.08.2016 година. Одлуката има согласност и од Советот на град Скопје“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.