| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 3.000 унгарски полицајци ќе бидат распоредени на границата со Србија

granica

Унгарските власти имаат намера да испратат дополнителни три илјади полицајци на границата со Србија за да ги засилат контролите над мигрантите, најави советник на унгарскиот премиер.

– Бранот бегалци од држави од Африка и Азија во Унгарија останува ислучително висок, изјави Даорд Баконди советник за прашања за безбедност во Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. ­

– Секој ден во државата се обидуваат да влезат нелегално околу 100 луѓе, но полицијата успева да ги задржи. Сепак мерките ќе бидат засилени, додаде Баконди.

Од 5 јули Унгарија воведе засилени мерки за безбедност по границите со Србија и со Хрватска. Предвидена е 8 ­километриска бафер­зона по границата на територија на која мигрнтите ќе бидат запрени и враќани во транзитни пунктови каде може да поднесат молби за бегалски статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top