| четврток, 6 декември 2018 |

Грција е државата со најмногу невработени во Европската Унија

grci

Невработеноста во Грција во мај изнесувала 23,5 проценти, исто како и во април, што е највисока стапка во Европската унија, соопшти Евростат. Според последниот извештај на Евростат, невработеноста во ЕУ и еврозоната, исто така, била непроменета.

После Грција, која е на прво место по највисока стапка на невработеност во ЕУ, следува Шпанија со 19,6 проценти, додека Малта (3,9), Чешка и Германија (4,2 секоја) имаат најниски стапки на невработеност.

Во Грција, бројот на невработени лица знесува 1,12 милиони, стапката на невработеност кај мажите е 19,5 проценти и кај жените 28,5 проценти. Стапката на невработеност кај младите (на возраст до 25 години) се зголемила на 50,3 проценти во мај од 47,3 проценти во април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top