Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска по повод Денот на Европа, 9 мај, точно во 9 часот и 5 минути организираше „европски појадок“ со неговите претходници. Појадокот, за кој Бесими вели дека ќе стане традиција, се искористил за разговори за стратешкото прашање за Македонија – нејзините евроинтеграции:
– Идејата е ова да стане практика. Целта на ваков формат средби е фактот дека европската перспектива, односно интеграцијата на Република Македонија во ЕУ е заедничка цел и консензуално прашање на сите политички партии. Секако дека во секоја фаза секој од вицепремиерите врз основа на таа стратешка определба го дал својот придонес во овој ресор и тука сме денес уште еднаш заеднички да го потврдиме приоритетот на Република Македонија за членство во Унијата – рече Бесими.
На појадокот дојдоа Васил Тупурковски, Јане Миљовски, Ивица Боцевски и Зоран Крстевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечните министри од ДУИ вечно на државен грб: По 10 години министерување Џафери, Адеми и Бесими цела година ќе земаат апанажа
-
Бесими се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Курц
-
Бесими доби извештај од Хан со итни реформи и барање да се почитува договорот од 2 јуни
-
Француски експерти ќе ѝ помагаат на Македонија во унапредувањето на животната средина