На „Фејсбук“ се споделува фотографијата на која е раскажана приказната за петмесечно куче, кое било злоставувано од група десетгодишни деца во населбата Брчанска Малта во Тузла, БиХ.
Случајот ја згрози јавноста ширум регионот.
Според постот, моментално се борат за животот на кученцето, но дека шансите да преживее се минимални.
-Децата на возраст од 10 години многу се свесни за тоа што го направиле. И кој да каже дека тоа е само куче, многу се лаже. На овие деца им е потребна помош, меѓу вакви се кријат злоставувачи не само на животни туку и на луѓе, напиша една жена на Фејсбук.
-Следни на ред се девојчиња до 5 години. Кога овие монструми ќе пораснат малку уште повеќе ќе се засилат, напиша друга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.