На 16 мај во Скопје ќе се одржи првата трка со високи потпетици. На 8 сантиметри висина, онаа што ќе биде најбрза ќе добие еден пар суперчевли. Пријавувањето се врши на веб-страницата и на профилот на „Фејсбук“ на „Скопје сити мол“ до 13 мај. Првите три ќе добијат чевли по избор, а за останатите покровителите обезбедуваат попуст на чевли во нивните продавници.
Од сите пријавени учесници се влече ждрепка за да се одреди кој учесник во која лента ќе трча. Секоја од марките чевли е покровител на една лента. Марката за учесникот што се рангирал меѓу првите три обезбедува пар чевли. За сите останати учесници обезбедува попуст од минимум 20% при пазарување во наредниот месец. Учесниците се натпреваруваат со сопствени чевли, мора да се на возраст од 16 до 35 години, a висината на потпетиците треба да е минимум 8 сантиметри.
Вашето учество може да го пријавите тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.