| четврток, 6 декември 2018 |

Неговотo признание можеше да ја промени историјата: На смртна постела откри кој го уби Кенеди

kenedi

Атентатот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди кој се случи во 1963 година бил таканаречена “инсајдерска работа”, според признанието кое на смртна постела му го дал маж со шифрирано име Рон на режисерот Оливер Стоун.

Откако тој го снимил својот филм за убиството на американскиот претседател Кенеди, кој бил наклонет кон теориите на заговор, Стоун бил контактиран од еден маж, кој тврдел дека бил дел од обезбедувањето на претседателот.

Мистериозни писма пред средбата

Мажот кој само се претставил како Рон, најпрво го контактирал режисерот исклучиво преку писма што било увертира на нивниот состанок во четири очи кој се случил многу подоцна. Режисерот, нормално, се сомневал во тврдењата на Рон, затоа што до тогаш имало бројни завери околу убиството. Но, како што изјавил Стоун, по разговотрот со Рон, тој немал соменвања дека неговите тврдења се точни, а добар дел од нив му ги обелоденил на режисерот многу кратко пред неговата смрт.

Како поранешен маринец кој служел во Виетнам, режисерот вели дека целата приказна била уште поуверлива затоа што неговиот соговорник постојано користел воен речник, а деталите за настанот му биле прецизни и автентични, пренесува Делји Мејл.

Стоун одлучил прв пат неговите сознанија да ги сподели со светот преку книгата која му ја доверил на писателот Мет З. Сеик.

– Мислам дека се одлучи за тој чекор затоа што ми верува и затоа што Рон почина одамна, изјавил Сеик одговарајќи на прашање зошто Стоун се одлучил дури сега да ја објави приказната.

– Никој друг тоа не го чул, само јас, додал тој.

maxresdefault

Ова доаѓа од мојата совест

Сеик вели дека книгата го опишува Стоуновото присетување на дописите, разговорите и средбите со Рон. Во неа режисерот меѓу другото вели дека Рон немал никакви скриени намери и мотиви поради кои му раскажал се.

– Ми се обрати со серија чудни писма кои ми стигнуваа од поштенска адреса од Бахамите, пишува во книгата.

– Сакам да знаеш дека ова доаѓа од мојата совест, се зборовите кои Рон му ги кажал на режисерот на нивната прва средба во холтеот Рочестер во Њујорк.

– Сценариото кое ми го опиша беше практично. Начинот е таков, каков што тоа би го направиле и многу други, се вели во книгата за убиството.

– Ако го убиеш претседателот, твојата заштита мора да е неговот обезбедување. Ако снајперистите кои го убиле преседателот се скриени помеѓу обезбедувањето, а дел од нив немаат поим за оваа завера, тоа има логика и е изводливо, вели Стоун.

Книгата со наслов “Искуствата на Оливер Стоун” (The Oliver Stone experiance) ќе биде објавена на 13 септември, а според нејзината содржина, сигурно ќе биде интересна за многумина.

li harvi

Официјална верзија

Џон Ф. Кенеди беше убиен во Далас во ноемрви 1963 година за време на неговата парада низ улиците на градот. Ли Харви Освалд беше осуден за неговотo убиство, под обвивение дека тој пукал од шеститот спрат на една зграда. Ова е службената ввверзија за атентатот која од самиот почеток многумина не ја прифатија.

Кенеди бил убиен со два куршуми, а Освалд бил убиен два дена подоцна. Му пресудил сопственик на ноќен клуб кој бил поврзан со криминалното подрземје. Оттогаш се поставуваат бројни прашања за тоа кој всушност го уби Кенеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top