| четврток, 6 декември 2018 |

Паника меѓу капачите во Сплит: Се појавиле жени во буркини, а подоцна и мажи со пушки

Хистеријата околу минатогодишната бегалска криза, која сѐ почесто се поврзува со терористичките напади низ Европа, има големо влијание и врз нашите граѓани, а тоа го покажа случајот кој се случи во едно доцно попладне минатата недела.

Вака „Слободна Далмација“ ја почнува приказната за случајот кој личи на сценарио на лоша „скриена камера“, а за весникот ја раскажуваат сведоците присутни на плажата кај Трстеник.

Сѐ започнало околу 18 часот кога покрај морето се сместиле две жени облечени во буркини, едната во целосно црна облека за пливање, а другата во светлосина.

Кратко потоа, покрај нив се сместиле и двајца мажи кои носеле големи темни торби од кои, наместо крпи за на плажа, извадиле пушки. Не станувало збор за огнено оружје, туку за подводни пушки со харпун, наменети за спортски риболов, со кои влегле во морето.

Според сведоците, напнатоста била толку голема што можела да се допре во воздухот. Дел од посетителите на плажата веднаш ги собрале своите работи и заминале, некои цврсто стегајќи ги децата во раце.

Предупредени биле и вработените во хотело сопственик на плажата, кои веднаш им објасниле на мажите дека риболовот на таа плажа е забранет бидејќи е уредена и приспособена само за гости. Мажите ги собрале своите пушки и се вратиле назат во хотелот, каде што биле сместени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top