Вчера околу 18.30 часот во Битола, на ул.„Ѓорѓи Наумов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „Јамаха раптор“ со американски регистарски ознаки, управуван од Ј.Н. (22) од Битола и паркиран трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки со приколка, сопственост на З.А. од Битола.
Во незгодата Ј.Н. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, кои биле опасни по живот, е задржан на одделението за интензивна нега.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ОКТУПА при СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст