| четврток, 6 декември 2018 |

Момче на интензивна нега по тешка сообраќајка во Битола

Вчера околу 18.30 часот во Битола, на ул.„Ѓорѓи Наумов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „Јамаха раптор“ со американски регистарски ознаки, управуван од Ј.Н. (22) од Битола и паркиран трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки со приколка, сопственост на З.А. од Битола.

Во незгодата Ј.Н. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, кои биле опасни по живот, е задржан на одделението за интензивна нега.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ОКТУПА при СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top