| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари планирале терористички напад со антракс во Кенија

526408_img650x420_img650x420_crop

Полицијата во Кенија соопшти дека уапсила лекар-стажант и негов соучесник под обвинение дека како дел од локална ќелија на екстремистичката група Исламска држава се обидувале во земјата да организираат бактериолошки терористички напад со антракс, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението на антитерористичкиот оддел на кениската полиција се наведува дека по добиена пријава од локални жители, уапсени се Мохамед Шукри Јеров, лекар-стажант од општинската болница во Малинди, и Абдулразак Абдинур.

Според полицијата, се трага по уште други двајца медицинари.

Во мај беа уапсени лидерот на ќелијата Мохамед Абди Али – лекар стажант во општинскатата болница во Маквени, и неговата сопруга – студентка по медицина во Уганда.

vuzenetgzsrafcbez57c422d255de6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top