| четврток, 6 декември 2018 |

Пет деца се повредени во ракетен напад во турскиот град Килис

bombi

Турскиот пограничен град Килис денеска бил погоден од три ракети од Сирија, при што биле повредени пет деца на возраст меѓу осум и 12 години.

Најмалку едно од повредените деца се наоѓа во критична состојба. Една од ракетите погодила ѕид од една куќа во Килис, а другите две паднале на празна полјана.

Воени извори тврдат дека турските сили веднаш одговориле на ракетниот напад, гаѓајќи цели преку границата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top