| четврток, 6 декември 2018 |

Анкара одлучна во борбите против Курдите во Сирија

55

Анкара денеска јасно стави до знаење до силите на сириските Курди дека ќе бидат цел на турските оружени сили ако не се повлечат источно од Еуфрат порачувајќи дека операциите на север во Сирија не значат дека Турција е во војна и окупаторска држава. Според најновите информации на турската армија, уште 10 села на север во Сирија се „исчистени од екстремисти“, а операцијата се преместува кон запдниот дел.

Истовремено, турските сили извршија и воздушна операција против ПКК на север во Ирак, во областа Гара, наведуваат воени извори. Детали од нападите засега не се соопштени. ­

– Турција не започнала војна преку својата офанзива во северниот дел на Сирија и не планира да биде постојана сила таму, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.

Тој истакна дека „Турција не е окупациска земја и таа не е во војна“. ­

– Секоја од инволвираните страни, вклучувајќи ја и Владата во Дамаск, знае за операцијата на Турција. Русија ги информирала, ние сме сигурни во тоа, нагласи турскиот вицепремиер.

Турскиот министер за надворешни рабопти Мевлут Чавушоглу нагласи дека силите на сириските Курди ќе бидат и понатаму цел на армијата доколку не го исполнат ветувањето да се повлечат источно од Еуфрат. Пентагон предупредува дека неусогласените операции и маневри на север во Сирија ќе и дадат на ИД „повеќе простор“, повикувајќи ги турските и опозициските групи на сириските Курди да прекинат со судирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top