Фудбалскиот сојуз на Турција и Галатасарај, под притисок на власта на Ердоган, морале да го избришат најдбориот стрелец во историјата на фудбалот во земјата од сите официјални документи, што ќе изгледа како Хакан Шуќур никогаш да не настапил за Турција, ниту пак дал гол за истанбулскиот великан.
Акцијата за „чистка“ во Турција по обидот за државен преврат го опфати и спортот, па така Турската фудбалска федерација ги отстранила и избришала сите документи и материјали кои се во врска со поранешниот репрезентативец на оваа држава, Хакан Шуќур за кого е распишана потерница и издаден налог за апсење, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
– Како што донзава новинарот на ТФФ, отстранети се и сите фотоградфии на Шуќур од комплексот на националната репрезентација Хасан Доган во Истанбул. Исто така во музејот каде се изложени фотографиите на сите репрезентативци на Турција, повеќе ја нема таа на Хакан.
Под притисокот на власта морал да потклекне и Галатасарај кој покренал постапка за исфрлање на легендата на клубот. Во Галата, Шуќур одигра 392 натпревари и даде 228 гола, што го прави наважен играч во историјата на клубот.
За потсетување, турските власти на чело со Ердоган во налогот за апсење на поранешниот фудбалер навеле дека тој се обвинува за “членство во вооружена терористичка организација”, а судот нареди и заплена на целиот негови имот, имотот на неговито татко и син.
Шуќур кој наводно ја напуштил Турција минатата година, промени неколку клубови низ Европа, а успешно ја претставуваше земјата на бројни меѓународни турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.