| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца царица, ја блокира Македонска Каменица: Количество среќа што не се заборава (ФОТО+ВИДЕО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење во Македонска Каменица, а дека Македонците ја обожаваат, покажа и синоќешниот хаос што го направи нејзиното пристигнување во Македонска Каменица. Сведоци тврдат за локалните медиуми дека до влезот во градот имало колона возила долга 20 километри.

Цеца настапи пред 15.000 грла кои го извикуваа нејзиното име, а настапот го започна со песната „Позив“.

Пејачката претходно пристигна во Скопје за да се подготви за настапот, а персоналот од хотелот во кој беше сместена ја пречека со букет цвеќе.

 

Настапот на Денот на рударите во Македонска Каменица е дел од турнејата „Автограм“, која ги соборува сите рекорди на посетеност.

Дел од средствата заработени на вчерашниот концерт Цеца најави дека ќе ги донира за поплавените во Скопско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top