Големата атракција на Баз Лурман, која на 15 мај ќе го отвори 66. Кански филмски фестивал, на 16 мај ќе ја има премиерата во Скопје, пишува „Теа модерна“. Новата верзија на бесмртното дело на Френсис Скот Фицџералд, „Големиот Гетсби“ во режија на австралискиот режисер Баз Лурман, кој на 15 мај ќе го отвори 66. издание на Канскиот филмски фестивал, веќе утредента ќе пристигне во Македонија. Со тоа, нашата публика ќе може да го види овој очекуван филмски хит во киносалите „Синеплекс“ во исто време со светот, со оглед на тоа што неговата редовна дистрибуција веќе беше најавена за 16 мај. „Големиот Гетсби“ предизвикува огромен интерес, и тоа не само затоа што го отвора Кан, туку и затоа што станува збор за нова верзија на ремек-делото на Џек Клејтон од 1974 година, во кое Роберт Редфорд, Миа Фароу, Брус Дерн, Карен Блек и Сем Вотерстон одиграа фасцинантни улоги. Но, и затоа што оваа раскошна верзија на „Големиот Гетсби“, полна со сјај, гламур и ексцентричност, е вториот филм со кој Баз Лурман го отвора Кан по цели 12 години, кога имаше многу успешно отворање со мјузиклот „Мулен руж“. Но, секако и затоа што новите улоги на Гетсби и Дејзи им се доделени на Леонардо ди Каприо и Кери Малиган.
Но, она најважното кое е и најинтригантно, барем за оние што го знаат претходниот филм, е секако различниот пристап на Лурман, кој се определи на овој, пред се’, психолошки роман поместен во времето на џезот во 1920-тите години, да му даде шаренило, вкус на спектакл и импресивен визуелен изглед. А сето тоа го прави предизвикот уште поголем, наметнувајќи го прашањето, колку ваквиот приод ќе го засени или не најубавото во овој филм или роман, неговата суштина. Како и да е, тоа ќе можеме да го видиме за само недела дена, во истиот момент кога ќе ги читаме и светските критики за ова остварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал


