Како резултат на една напорна и ефикасна работа на Владата во текот на минатата и оваа година, во период кога рудникот се најде во исклучително тешка ситуација поради финансиски проблеми, спроведе ефикасна акција за да се најде нов концесионер, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Владина делегација на чело со премиерот Димитриев и претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваа на свеченот рестартирање на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип (Плато за истовар на руда).
–Веќе се вратени околу 140 вработени, а интенцијата е да се вратат сите вработени. Ме радува што тоа се случува овде каде што невработеноста е преполовена и тоа е добар знак, со работењето на овој рудник и со враќањето на работа на останатите рудари, невработеноста дополнително ќе се намали, вели Груевски.
Тој подвлече дека тие се политичка гарнитура која што е насочена и сконцентрирана кон економијата, а рударството е еден од тие делови.
–Пред неколку дена почна да се отвора нов рудник кој за една година ќе биде целосно во функција. Веќе следната година започнува да се гради рудникот Иловица, а дадени се концесии за уште многу рудници каде што се вршат истражувања, така што ќе има уште многу места каде што ќе се отвораат рудници и каде што ќе се отвораат нови работни места, вели Груевски.
Кога станува збор за рудниците, покрај директните многу се важни и индиректните вработувања.
–Се радувам затоа што напорите што ги започнав уште како премиер и кои подоцна продолжија, дадоа резултати и во Пробиштип повторно се враќа рудникот и рударите се враќаат на работа, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.