Македонска Каменица го одбележува дведецениското постоење како самостојна општина и на Денот на рударите – 28 август со богата културно-уметничка програма која започна на 26 август со концертот на Мирослав Илиќ.
– Ќе почнеме со концертот на Мирослав Илиќ на 26 август, а на 27 август ќе имаме вечер на македонската естрада, каде ќе настапат македонски ѕвезди. На 28 август концерт ќе одржи Цеца. На овие три вечери, кои се дел од Каменичкото културно лето, а ги реализираме со поддршка на РОЦ „Саса“, очекуваме голем број гости од регионот, но и од соседните држави. Овие настани се значајни и за промоција на општината, но и за локалната економија, што всшуност го има докажано нашето повеќегодишно искуство во организацијата на Каменичкото културно лето, рече Дарко Митевски, градоначалник на општината.
Од петокот празнува и Пробиштип.
-Ќе имаме свечена седница на општината, а потоа ќе биде отворена Лесновската ликовна колонија. Исто така, закажани се финални натпревари во фудбал, кошарка и тенис, најави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.
Главната манифестација е предвидена токму на празникот Голема Богородица со концерт на групата Синтезис и Елена Ристеска.
A photo posted by E L E N A (@elenaristeskaofficial) on
Освен општината, празникот на рударите со свеченост го одбележа и новиот концесионер на Добрево и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“, со симболично одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк во Пробиштип.
На 28 август 1929 година Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк и побараа подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија. Денешната светица е заштитничка на рударите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.