Но, жените во муслиманскиот свет традиционално не ја сокривале убавината за да покажат почит кон верата.
Во продолжение можете да прочитате кратки објаснувања за секоја од различните видови покривки.
Хиџаб
Хиџабот е превез што жените традиционално го носат во присуство на возрасни мажи надвор од нивното потесно семејство, а служи за покривање на главата, косата и вратот. Хиџабите се носат во различни стилови и бои, а најчесто користениот вид на Западот ги покрива главата и вратот, но не и лицето.
Никаб
Никабот е превез за лицето, кој е отворен во пределот на очите, но може да се носи и со посебна мрежа за очи, во комбинација со марама.
Бурка
Бурката е најзатворен од сите превези и се состои од еден дел кој ги покрива и лицето и телото, често со тесна мрежа во пределот на очите.
Ал-амира
Ал-амира е дводелен превез, составен од тесна капа, најчесто изработена од памук или полиестер, и шамија.
Шајла
Во регионот на Персискиот залив популарна е и т.н. шајла, долга правоаголна марама која се замотува околу главата и се прицврстува на рамената.
Химар
Некои муслиманки носат и химар, превез со должина до половината, кој целосно ги покрива главата, вратот и рамената, но не и лицето.
Чадор
Многу Иранки носат чадор, вид на наметка која го прекрива цело тело, а честопати под него се носи дополнителна марама на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.