| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа напуштена шупа во шума во Хрватска крие една од најголемите тајни на ЈНА

bunker

Во централниот дел на Хрватска, во Карловачката жупанија, се наоѓа една напуштена шупа во шума која со години претставувала голема мистерија. По минати децении, неодамна, целосно е истражена нејзината внатешност и откриено е дека таа била атомско засолниште, изградено за време на Југославија и била една од најголемите тајни на поранешна ЈНА.

Лифтот во оваа навидум обична куќарка, кој го носела името “Mагаревац”, бил голем и на три нивоа и бил особено специфичен. Всушност, тој не одел нагоре, туку се спуштал 50 метри под земја, каде што е скриено засолништето кое било изградено како заштита во случај на напад од атомска бомба. Тоа било опремено за без никаков проблем таму да може да се живее 3 месеци без излегување.

Пензионираниот полковник, Златко Чишпер, објаснува дека специјализираната станица “Петрова Гора”, како што била нарекувана оваа скривница, се простира на 2 000 метри квадратни и има голем број на простории – електрична централа, кујна, гардеробери, спална соба, како и просторија за деконтаминација.

Сите соби имаат посебни прегради и врати со шок вентили за заштита во случај на паѓање на атомска бомба, а на излезот има бетонска врата тешка 40 тони, конструирана да го разбие и запре бранот на нуклеарниот удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top