Жените во турската полиција од денеска, првпат, ќе можат да носат хиџаб, кој ќе биде дел од нивните униформи, објавено е во Службен весник на Турција. На жените во полициските сили „ќе им биде овозможено да ја покријат главата со хиџаб“ под своите капи или беретки, се додека хиџабот е во иста боја како униформата и нема шари, се прецизира со одлуката која стапува во сила со објавувањето во Службен весник.
Турција ја укина забраната за носење хиџаб во универзитетските кампуси во 2010 година, за студентките во државните институции во 2013, а за ученичките во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)