| четврток, 6 декември 2018 |

Колку кафиња дневно ви се потребни – Одговорот е во гените

Постои хипотеза дека кај луѓето со поголемо ниво на генетската варијација PDSS2 кофеинот подолго се задржува во организмот па затоа и поретко го земаат, вели генетичарката Никола Пирасту.

Весникот „Гардијан“ пишува дека научниците го откриле генот што најверојатно влијае на тоа колку кафиња дневно пијат луѓето.

Научниците од Универзитетот во Единбург откриле дека луѓето со ДНК варијација на генот наречен PDSS2 пијат помалку кафе од оние кај кои што ја нема таа варијација.

Оваа варијација го забавува процесирањето на кафето во организмот, што значи дека луѓето што ја поседуваат истата филџанот кафе „ги држи“ подолго време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top