Британскиот готвач Џејми Оливер се придружи на акцијата за собирање пари за жртвите од силниот земјотрес во Италија и најави дека дел од приходите од секоја продадена порција на пастата „Аматричана“ ќе ги донира како помош.
Од секоја порција, како што Џејми прецизираше на својот профил на Инстаграм, ќе бидат донирани две фунти, односно 2,64 долари.
Тој истакна дека парите се наменети за пожарникарите, камповите, како и за купување на храна и облека за жртвите.
Според најновите податоци, во силниот земјотрес, кој во средата го погоди централниот дел на Италија, загинаа 267 лица, а 400 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.